Корисничко име Лозинка Пријави се
03.9.2018

Газдата на Манчестер сити само еднаш бил на стадионот

Навивачите на Сити, немаат прилика да го видат во живо шеикот Мансур

Верувале или не, човекот кој им донесе најголема радост на фановите на Манчестер сити во последните години, малкумина го виделе одблизу на стадионот „Етихад“. Шеикот Мансур бин Зајед, кој со своите соработници од Обединетите Арапски Емирати го купи клубот пред десет години и во тимот вложи над 1 милијарда евра, речиси никогаш не оди на стадион. 

„Шеикот го сака Манчестер сити на свој посебен начин. Одењето на стадион и гледањето мечеви во живо, едноставно, не е негов стил. Тој ги гледа сите мечеви во овие десет години, нема пропуштено ниту еден натпревар, но во живо, мислам дека само еднаш беше да гледа“, вели еден од најблиските соработници на шеикот. 

Манчестер сити во својата историја имаше само две премиерлигашки титули пред да биде купен од шеикот, а сега клубот има три трофеи во последните шест сезони. Во 2008 година, Мансур се двоумел дали да го купи овој клуб или еден лондонски, но се решил за Манчестер бидејќи му бил поатрактивен. 

 

Најнови вести