Корисничко име Лозинка Пријави се
12.8.2018

Менди е со две лица – Гвардиола полуде: Некогаш сакам да го убијам, но тој е пеколен играч

Манчестер сити го победи Арсенал со 2:0 на стартот од новата сезона, а еден играч го привлече вниманието на „Емирејтс“. Бенџамин Менди имаше две асистенции, но и често правеше почетнички грешки, па интересна изјава за него имаше тренерот Пеп Гвардиола

Бенџамин Менди имаше голем удел во победата на Манчестер сити против Арсенал, но и често правеше кардинални грешки во одбраната, кои за среќа на гостите не ги искористија напаѓачите на Арсенал. Шампионот победи со 2:0, а по  мечот интересен коментар за настапот на левиот бек на Сити.
„Менди е едноставно Менди. Некогаш ќе посакате да го убиете, а често си велам леле каков играч имаме. Ни дава енергија, но често знае да погреши кога не треба. Се надевам дека ќе разбере дека треба да игра поодговорно и дека ќе ги корегира грешките“, изјави Гвардиола.
Левиот бек на Манчестер сити пропушти поголем дел од ланската сезона, а денеска го одигра само третиот мел за клубот во 2018 година.

 

Најнови вести