Корисничко име Лозинка Пријави се
06.8.2018

Неверојатно: Гвардиола освојува трофеј на секои 22 меча

Шпанскиот стратег веќе има 24 пехари во својата тренерска кариера

Шпанскиот тренер Пеп Гвардиола уште еднаш покажа дека е „магнет“ за освојување трофеи. Уште на стартот на новата сезона, Гвардиола се радуваше на пехар со Манчестер Сити. „Граѓаните“ го освоија Комјунити Шилд трофејот, откако во финалето со 2:0 го победи Челзи.

Со овој успех, Гвардиола го продолжи неверојатниот тренд. За 10 години тренерска работа, во Барселона, Баерн Минхен и Манчестер Сити, на клупата седел на 523 средби, а се израдувал на 24 трофеи. Тоа значи дека во просек Пеп освојува по еден пехар на секои 22 меча.

Најдобра му е кариерата помината во Барселона. Со каталонскиот гигант има 14 пехари, потоа со Баерн се радувал 7 пати, а три пати високо ги кревал рацете со Манчестер Сити.

Од тие 24 трофеи: 3 се во Примера дивисион, три во Бундеслигата, еден во Премиерлигата, 2 во Лигата на шампионите, 3 во Суперкупот на Европа, 3 на Светското клупско првенство, и девет национални Купа во првенствата каде што бил тренер.

Најнови вести