Корисничко име Лозинка Пријави се
03.3.2014

Тешки повреди на Рајковиќ и Бадељ

Само што се врати во првата постава на Хамбургер, српскиот интернационалец Слободан Рајковиќ тешко го повреди коленото и за него сезоната е завршена.

Рајковиќ во минималниот пораз на својата екипа од Вердер ги скина предните вкрстени лигаменти на левото колено, објавено е на официјалната интернет-страница на клубот.
Тој во 66-тата минута доживеа повреда поради која не можеше да продолжи, а од теренот беше изнесен на носилки. За Србинот ова е втора повреда на коленото во текот на сезоната, откако веќе паузираше два месеци.
Поранешниот српски репрезентативец доживеа нов удар во кариерата - се повреди на вториот натпревар откако се врати во стартната постава. Претходно одигра одлично против Борусија Дортмунд и беше еден од најдобрите поединци на натпреварот.
Рајковиќ имаше многу проблеми од доаѓањето во Хамбургер, па дури во последните два месеци ја стабилизира формата. Поранешниот тренер Торстен Финк го исклучи Рајковиќ од првиот тим поради недисциплина, по што играчот тој не успеа да се докаже ниту кај Берт ван Марвек, кој во меѓувреме замина од клубот.
За германскиот тим одигра 30 натпревари и постигна еден гол, а пред Хамбургер го носеше дресот на: ОФК Београд, Челзи, ПСВ, Твенте и Витесе.
Покрај Рајковиќ, на натпреварот против Вердер се повреди и Милан Бадељ, кој ја скрши левата рака. Хрватскиот репрезентативец набрзо ќе може да игра фудбал со лонгета на раката.

Најнови вести