Корисничко име Лозинка Пријави се
12.1.2016

Лабадија останува на клупата на Хамбургер

Тренерот на фудбалскиот клуб Хамбургер Бруно Лабадија го продолжи договорот на уште една година, соопшти германскиот бундеслигаш.

Лабадија на клупата на Хамбургер ќе остане до јуни 2017 година, заедно со помошникот Еди Сезер и со Бернард Трарес.
„Бруно ја извршува својата задача со многу страст и ентузијазам. Се идентификува со Хамбург и со клубот, тој живее за нашиот клуб“, изјави извршниот директор Дитмар Бајерсдорфер.
Лабадија го презема Хамбургер во април минатата година и го спаси од испаѓање од Бундеслигата минатата сезона.
Оваа екипа напредуваше и по есенскиот дел се наоѓа на десеттото место.

Најнови вести