Корисничко име Лозинка Пријави се
27.9.2016

Тухел: Се подготвуваме за Роналдо во најдобро издание

Фудбалерите на Борусија Дортмунд вечерва, од 20.45 часот ќе ја дочекаат екипата на Реал Мадрид, а Томас Тухел, тренерот на „милионерите“, се насмеа на тврдењето на новинарите дека Кристијано Роналдо не се наоѓа во добра форма.

„Кристијано не е во форма? Кој сум јас да го коментирам тоа кога тој е еден од најдобрите играчи на светот, роден победник. Очекуваме да биде на своето најдобро ниво, за тоа се подготвуваме“, изјави Тухел.
Тој пред почетокот на овој дуел доби одлични вести, бидејќи Марк Бартра, Андре Ширле и Адријан Рамос се вратија во конкуренција за составот.
„Подготвени сме за Реал во неговото најдобро издание и свесни сме каков квалитет поседува. Ќе биде тешко да се одбраниме од целиот тој напаѓачки потенцијал. Сакам да ја поседуваме топката и да бидеме обединети во одбраната и во нападот“, додаде Тухел.
Дортмунд во натпреварот со Реал влегува по неверојатна серија на резултати, а Реал по двете последователни ремија во Примера лигата.
Двете екипи имаат по три бода од првото коло и јасно е дека ќе водат борба за првото место во групата.

Најнови вести