Корисничко име Лозинка Пријави се
30.5.2017

Тухел си замина од Борусија Дортмунд

Томас Тухел, тренерот на Борусија од Дортмунд, ги напушти „милионерите“.

Германските медиуми наведуваат дека 43-годишниот стручњак си заминува од клубот поради нарушениот однос со извршниот директор на Борусија, Ханс-Јоаким Вацке.
До недоразбирањето, наводно, дошло бидејќи Вацке не го консултирал тренерот по бомбашкиот напад на автобусот со фудбалерите на германскиот клуб пред четврт-финалниот натпревар од Лигата на шампионите со Монако и без негово знаење прифатил дуелот да се одигра само еден ден подоцна.
Тухел во Дортмунд дојде во 2015 година и со клубот неодамна го освои Купот на Германија. Договорот му истекува во 2018, а за предвременото раскинување на соработката ќе добие два милиони евра.
Претходно пет сезони работеше во Мајнц.

Најнови вести