Корисничко име Лозинка Пријави се
27.4.2017

Тухел: Ова е лудило; Анчелоти: Сами сме виновни

Борусија Дортмунд со победата по пресвртот над Баерн Минхен (3-2), се пласира во финалето на Купот на Германија, а тренерите на двата клуба, Томас Тухел и Карло Анчелоти, имаа што да изјават по интересниот натпревар.

Дортмунд поведе со голот на Ројс, но Баерн направи пресврт со погодоците на Мартинес и Хумелс, додека „милионерите“ славеа со головите на Обамејанг и Дембеле.
Томас Тухел, тренерот на Борусија, изјави дека не бил задоволен на почетокот на натпреварот, но крајниот резултат го окарактеризира како лудило.
„Се вративме и на сè направивме пресврт во Минхен, тоа е лудило. Во првите дваесет минути во целост го изгубивме чекорот, како и во многу дуели. Имавме голема среќа кога во второто полувреме Свен Бендер го спречи Арјен Робен да го постигне третиот гол за Баерн. Ако погодеа тогаш, ќе го изгубевме натпреварот. Ние тогаш постигнавме два гола и одиме понатаму“, изјави Тухел по големата победа.
На другата страна, Карло Анчелоти, тренерот на Баерн Минхен, не криејќи ја фрустрацијата, изјави дека за поразот не е виновен противникот.
„Многу сме разочарани. Април го почнавме во добро расположение, а потоа сме поразени од Реал, што не го заслуживме. Меѓутоа, за овој пораз можеме само себе да се обвинуваме. Едноставно не ги искористивме шансите. Сега е потребно што побрзо да дојдеме до титулата во Бундеслигата“, изјави италијанскиот стручњак, кој со Баерн го освои Суперкупот на Германија, но има шанси само за уште еден трофеј во сезоната.

Најнови вести