Корисничко име Лозинка Пријави се
19.8.2018

Чурлинов го уништи Оберхаузен

На првиот настап сезонава за јуниорскиот тим на Келн, Македонецот даде три гола

Дарко Чурлинов постигна три гола на денешниот натпревар помеѓу Келн и Оберхаузен, во Бундеслигата-запад за фудбалери до 19 години. Осумнаесетгодишниот Чурлинов кој беше најмладиот играч што облекол дрес на македонската сениорска репрезентација, се наметна како лидер на својот тим, и во мотивирано издание се прикажа против Оберхаузен, па уште во 16. минута за првпат ја затресе противничката мрежа. Во 37.минута, Дарко зголеми на 2-0, а во 56. минута зголеми на 3-0. 
До крајот, Келн даде уште еден гол, оправдувајќи ја фаворитската улога. Ова им е прва победа сезонава без примен гол. 
Келн е во серија од 14 меча без пораз, а сезонава е еден од трите меча кои по три кола, имаат максимални 9 бода, заедно со Борусија Дортмунд и Бохум. Во следното коло, Келн гостува кај Падерборн, а на 15 септември во дербито го пречекува Бохум. 

 

Најнови вести