Корисничко име Лозинка Пријави се
05.4.2012

Хамбургер остана без голмани

Нема крај за проблемите со коишто се соочува Хамбургер во борбата за опстанок во Бундеслигата.

Јарослав Дробни, првиот голман на тимот, го повреди палецот на десната рака и неговиот настап за следниот натпревар, кој се игра во недела против Баер Леверкузен, е под знак прашалник. Тоа не би било огромен проблем ако Дробни не е единствен голман на Хамбургер.
Резервниот голман Том Микел е надвор од терените веќе подолг период поради фрактура на раката, а третиот клупски голман, триесет и четиригодишниот Свен Нојхаус, нема ама баш никакво искуство, т.е. никогаш не бранел на натпревар од Бундеслигата, негов најголем успех е втората лига.
Хамбургер во моментов се наоѓа на петнаесеттата позиција на табелата, последното место кое не води во понизок ранг, а ниту во разигрувањето за останување во елитата. На шест кола до крајот Хамбургер има два бода во однос на Келн, односно четири повеќе од Херта.

Најнови вести