Корисничко име Лозинка Пријави се
04.12.2017

Келн конечно го отпушти тренерот

Фудбалскиот клуб Келн објави дека го смени тренерот Петер Штегер по слабиот старт во германското првенство.

„Наша обврска е да се обидеме сè за да опстанеме во Бунделсигата. Се надевавме дека тоа може да го направи  Петер. И покрај позитивниот резултат против Шалке, веќе не сме убедени во тоа“, изјави Вернер Шпинер, претседателот на Келн, за клупската интернет-страница.
Како што објави германскиот клуб, со Штегер договорно ја раскинале соработката, а екипата до зимската пауза ќе ја води Штефан Рутенбек, тренерот на помладите категории.
Келн е последен на табелата на германското првенство само со три бода, а Штегер е сменет еден ден по ремито со Шалке 2-2 во Гелзенкирхен.
Штегер го водеше Келн од јули 2013 година, а минатата сезона клубот го зазеде петтото место во Бундеслигата.
Келн во четврток, од 21.05 ќе игра против Црвена ѕвезда на стадионот „Рајко Митиќ“ во натпреварот од  последното, шесто коло на групата Х во Лигата на Европа.
Германскиот и српскиот клуб имаат по шест бода и победникот на тој натпревар ќе се пласира во наредната фаза. Нерешен резултат ѝ одговара на Црвена ѕвезда во случај БАТЕ Борисов да не го победи Арсенал во Лондон.

Најнови вести