Корисничко име Лозинка Пријави се
12.5.2012

Солбакен нов тренер на Вулверхемптон

Новопечениот англиски второлигаш Вулверхемптон објави дека од следната сезона негов менаџер ќе биде норвешкиот тренер Стиле Солбакен.

Четириесет и четиригодишниот стратег доби отказ од Келн, кој не успеа да избори опстанок во Бундеслигата и испадна во понизок ранг. И покрај тој факт, претседателот на „волците“ Џез Моксеј, е презадоволен што успеал да постигне договор, а своето задоволство не го криеше ниту Норвежанецот.
„Пресреќен сум што добив ваков голем предизвик во својата кариера. Возбуден сум што ќе предводам еден ваков клуб и едвај чекам да почнам со работа“, изјави Солбакен.
Тој на клупата ќе го наследи Тери Конор, кој ја извршува функцијата привремен менаџер на Вулверхемптон и кој ќе го предводи тимот во последниот натпревар од Премиер лигата, на гостувањето против Виган.

Најнови вести