Корисничко име Лозинка Пријави се
11.8.2018

Меч на денот: Новите „волци“ на тест против амбициозниот Евертон

Пресметка помеѓу Вулверхемптон и Евертон (18.30Ч) ќе биде последен дуел од денешната програма во Премиер лигата. Новото издание во англиското првенство уште на стартот носи интересни пресметки, а од саботната програма го издвојуваме мечот Вулверхемптон – Евертон.

Новајлиите се надеваат на успешен почеток на кампањата, но првиот предизвик не е лесен ниту во најмала рака. Реновираниот Евертон има големи амбиции за оваа сезона, потврда дека целат висок пласман се мулти-милионските засилувања во изминатиов период. И двата клубови летово беа доста активни на трансфер пазарот, особено Евертон, кој  речиси ја надмина границата од 100 милиони евра. 

Она што треба да ги плаши „волците“ е традицијата против „карамелите“ од Мерсисајд. Екипата која ја предводи Нуно Еспирито Санто не знае за триумф над Евертон до 2004 година, за тој период Евертон забележа само две победи (последниот беше во 2011 година), а четири меча завршиле без победник. Но, Вулверхемптон чекаа шест години за повторно да заиграат во највисокото по ранг, англиско фудбалско натпреварување, мотив што треба да ги води кон посакуваниот триумф.

За домашниот состав само Адама Траоре не е на располагање. Најскапото засилување за Вулвс за ова лето пристигна со мала повреда на препоните и првиот меч ќе го проследи од трибините. Додека пак, Марко Силва нема да смета на Андре Гомеш, а отсуствуваат Мејсон Холгејт и Џејмс Мекарти, играчите кои долго време се опоравуваат од тешки повреди.

Натпреварот започнува во 18:30 часот, а според нашата понуда, квотата за „кец“ на Вулверхемптон е 2.40, за реми е 3.15, додека за победа на гостите квотата е 3.05.


Најнови вести