Корисничко име Лозинка Пријави се
18.1.2018

ФА: Челзи по пеналите и драмата го елиминира Норвич

Екипата на Челзи по изведувањето на пеналите, го елиминира Норвич од ФА купот, откако по 120 минути игра резултатот беше 1-1.

„Сините“ во четвртата рунда од натпреварувањето се пласираа благодарение на голот на Еден Азар, кој ја презеде одговорноста во пеналите.
Челзи во следната фаза се пласира потешко отколку што се очекуваше, во 94-тата минута од средбата Луис постигна гол за изедначување и со тоа го продолжи натпреварот за 30 минути.
Претходно, голот за предност на екипата од Лондон ѝ го донесе Миши Батшуаји во 55-тата минута.
Во продолженијата имаше големи возбудувања. Избраниците на Антонио Конте останаа без двајца играчи, бидејќи Педро во 117-тата и Мората во 121-вата минута беа исклучени.
Норвич не успеа да го искористи тоа, па се пристапи кон изведување на пеналите. Таму трагичар за гостите беше Нелсон Оливеира, кому Вилји Кабалјеро му го одбрани погодокот од единаесет метри.
Челзи во наредното коло ќе игра против Њукалс на „Стемфорд бриџ“.
Свонси со доста маки го елиминира лидерот на Шампионат лигата, Вулверхемптон со 2-1, со погодоците на Џордан Ају и Вилфрид Бони, додека од другата страна, Жота ги држеше во игра „волците“.
Овој резултат на некој начин го покажа односот меѓу екипите од Премиер лигата и Шампионат лигата, бидејќи Свонси е последен во елитата, а Вулверхемптон убедливо е прв во вториот ранг на англиското натпреварување.
Третолигашот Виган приреди изненадување со убедливата победа над прволигашот Борнмут со 3-0 на домашен терен.
Лидерот на Лига 1 со погодоците на Морси во првото и на Бурн и Елдер во второто полувреме дојде до 16-те најдобри тимови во најстарото фудбалско натпреварување на светот.

Најнови вести