Корисничко име Лозинка Пријави се
26.10.2016

Вулверхемптон го отпушти Ѕенга по 87 дена

Вулверхемптон, членот на англиската Шампионат лига, по 87 дена го отпушти тренерот Валтер Ѕенга.

Познатиот италијански голман на 30-ти јули го замени Кени Џекет на клупата на Вулверхемптон, по кратко време откако кинескиот инвестициски фонд го купи клубот.
И покрај значајните вложувања во екипата, „волците“ победија четири пати во 14 првенствени натпревари оваа сезона, се наоѓаат на 18-тото место на табелата, на четири бода од зоната за испаѓање.
Како што се наведува, иако Ѕенга имаше поддршка од навивачите, работата ја загуби поради четирите порази во последните пет натпревари.
Во натпреварот од 15-тото коло, Вулверхемптон во сабота ќе игра на гостински терен против Блекбурн и ќе се обиде да ја оствари првата победа по 24-ти септември.

Најнови вести