Корисничко име Лозинка Пријави се
04.6.2015

Ѕенга е новиот тренер на Сампдорија

Валтер Ѕенга, поранешен тренер на Црвена ѕвезда, ја презеде Сампдорија, денес е соопштено на интернет-страницата на италијанскиот клуб.

Италијанскиот тренер ќе го наследи Синиша Михајловиќ на клупата на тимот од Џенова, за кого бранеше во текот на играчката кариера.
„Многу сум возбуден што се вратив во Сампдорија. Пред мене е голем предизвик, посебно што го наследив Михајловиќ. Чест ми е што ќе соработувам со претседателот Масимо Фереро, човекот со голема харизма, карактер и желба“, изјави Ѕенга за клупската интернет-страница.
Ѕенга е без работа од минатата година, откако ја напушти Ал-Џазира од Обединетите Арапски Емирати, а ги водеше уште: Ал-Наср, Палермо, Катанија, Динамо од Букурешт, Ал-Аин, Газијантеп, Стеауа, Национал и Њу Ингланд Револушн.
Тренер на Црвена ѕвезда беше во сезоната 2005/06, кога ја освои двојната круна.

Најнови вести