Корисничко име Лозинка Пријави се
17.8.2018

Сампдорија го чекаше Заза, напаѓачот на Валенсија фати правец за Торино

Симоне Заза ќе игра за Торино во следната сезона, популарните „бикови“ ќе имаат опасен напад со него и со Белоти, а трансферот од Валенсија во Торино беше интересен

Во трка за ангажман на Заза беа Сампдорија и Торино, а напаѓачот на Валенсија одлучи сепак да ги засили седумкратните шампиони на Италија.
Иако и Сампдорија беше подготвена да ја плати отштетата од 14 милиони евра на сметката на Валенсија, сепак тоа го стори Торино, екипата која доби одлично засилување. Заза имаше одлична прва сезона во Валенсија, но потоа сè почесто беше резерва и не добиваше шанса да игра.

 

Најнови вести