Корисничко име Лозинка Пријави се
31.8.2018

Љајиќ изненади, од Торино се пресели во Бешикташ

Српскиот репрезентативец Адем Љајиќ донесе по малку и изненадувачка одлука и дресот на Торино го замени за „црно-белиот“ на Бешикташ

Одличниот играч од средниот ред на Торино, Адем Љајиќ ќе ја продолжи кариерата во Бешикташ. Како што најчесто одат трансферите во последно време и Љајиќ ќе оди во Истанбул, кај „црно-белите“ како позајмен играч и тоа за оваа сезона, со правио на Бешикташ потоа да го откупи неговиот договор со „биковите“ од Торино.
Ова е по малку и изненадувачки чекор на Љајиќ, кој беше еден од најдобрите офанзивни играчи од средниот ред во Серија А. Бешикташ ќе игра во Европа Лигата и си доби големо засилување во битката со Генк, Малме и Спарта Сарпсборг во фазата по групи. Сумата која ја плати Бешикташ за позајмицата на Љајиќ е 8 милиони евра, а од идната сезона ќе може комплетно да го откупи неговиот договор.

 

Најнови вести