Корисничко име Лозинка Пријави се
05.8.2018

Расистички напад врз Ба во Кина

Кинески фудбалер го навредувал Демба Ба

Поранешниот напаѓач на Челси, Њукасл, Вест Хем и Бешикташ, сенегалскиот интернационалец Демба Ба, беше жртва на вербален расистички напад во меч од кинескиот шампионат. Според тренерот на Шангај Шенхуа, Ву Џингуи, неговиот играч Ба бил навредуван за време на мечот од кинеската Суперлига одигран синоќа, помеѓу Шангај и Чангчун Јатаи, кој заврши со резултат 1:1. 
Искусниот 33-годишен Сенегалец, кој од јуни е член на Шангај Шенхуа, за време на мечот си разменил невкусни зборови со противнички играч.
„Слушнав дека Ба бил навреден на расна основа. Не треба да има навредливи зборови за црните спортисти. Во нашата кинеска суперлига, има фудбалери од повеќе раси. Мора да постои почит кон противниците, а не било каква дискриминација“ – рече тренерот Ву. 
Демба Ба е поранешен фудбалер и на турски Бешикташ, а „црно-белите“ од Истанбул преку Твитер му испрати поддршка на Сенегалецот. „Не за расизмот. Не си сам“ – му порачаа од Бешикташ на Демба Ба. 

 

Најнови вести