Корисничко име Лозинка Пријави се
24.8.2018

Пепе се заблагодари и на кирилица

По потресот на мозокот, му помагаа и турските и српските медицински лица

Еден од најискусните фудбалери на Бешикташ, португалскиот дефанзивец Пепе, упати посебна благодарност до домаќините во Србија по гостувањето кај Партизан од баражот за Лигата на Европа. Пепе на дуелот со Партизан се судри со домашниот напаѓач Рикардо Гомес и ја повреди главата, па му беше укажана помош. 

Ветеранот не можеше да го доигра натпреварот кој заврши со резултат 1-1. Ексфудбалерот на Порто и Реал Мадрид имал мал потрес на мозокот, а покрај лекарскиот тим на Бешикташ, за неговото здравје се погрижија и од медицинскиот персонал на Партизан. 

Затоа 35-годишниот Португалец на „Твитер“ им упати благодарност и на Србите. 
„Им благодарам на медицинските тимови на Бешикташ и на Партизан за негата и вниманието кои ми ги посветија. Ова е фудбалот – почит“, напиша Пепе на англиски и на кирилица додаде „хвала“ покрај српското знаме. 

На овој меч во Белград, лекарите имаа работа и со спасувањето на еден навивач, кој имаше срцев удар. Фанот синоќа беше спасен од смрт, но информациите се дека тој уште е во критична состојба. 

 

Најнови вести