Корисничко име Лозинка Пријави се
07.3.2018

Милан преговара со Реина

Италијанскиот калчолигаш Милан почнал преговори со голманот Пепе Реина.

Станува збор за искусен чувар на мрежата, кому договорот со Наполи му истекува на крајот на сезоната. Шпанецот од јуни ќе биде слободен играч, со оглед на тоа дека досега не го продолжил договорот со клубот, а најверојатно нема воопшто, така што челниците на Милан имаат големи шанси во преговорите.
„Росонерите“ на поранешниот голман на Ливерпул би требало да му понудат договор на две години со опција за продолжување на уште една сезона.
Се наметнува прашањето што ќе биде тогаш со Џанлуиџи Донарума? Тешко дека Реина би дошол во Милан за да седи на клупата, така што неговото доаѓање најверојатно ќе значи заминување на Донарума.

Најнови вести