Корисничко име Лозинка Пријави се
15.3.2018

Хејнкес рекордер на Лигата на шампионите

Фудбалерите на Баерн од Минхен го декласираа Бешикташ во осминафиналето на Лигата на шампионите и со вкупен резултат 8-1 се пласираа во следната рунда на ова натпреварување.

По петардата во првиот дуел во Баварија, шампионот на Германија беше сигурен и во Истанбул (3-1), а триумфот во градот на Босфорот посебно ќе го памети Јуп Хејнкес, тренерот на Баерн Минхен.
Искусниот Германец стана прв стручњак во историјата на Лигата на шампионите кој врза 11 последователни победи, шест оваа сезона.
Пред реваншот со Бешикташ, Хејнкес лидерската позиција ја делеше со Холанѓанецот Луис ван Хал и со Италијанецот Карло Анчелоти, кого минатата есен и го замени на клупата на „баварците“.
Баерн во последните 20 натпревари во сите натпреварувања забележа 19 победи и едно реми, а за пораз не знае од 25-ти ноември минатата година, кога изгуби од Борусија во Менхенгладбах (2-1).

Најнови вести