Корисничко име Лозинка Пријави се
16.8.2018

Бешикташ го слави Негредо

Во следната фаза, истанбулските „црно-бели“ веројатно ќе играат против белградските „црно-бели“

Со голот на Шпанецот Алваро Негредо во последната минута од регуларните 90 минути, турскиот тим Бешикташ се пласираше во баражот за Лигат на Европа.

Австрискиот претставник ЛАСК Линц беше на чекор од подвиг и водеше со 2-0, резултат кој го носеше понатаму бидејќи во Истанбул загуби со 0-1, но во финишот, Негредо со шут по земја од 15-тина метри ја погоди мрежата за голема радост на истанбулските „црно-бели“. 

Негредо влезе во игра во 72-рата минута, а откако даде убав гол во 90-тата минута, кој се покажа како решавачки, во 92-рата направи глупост, па доби втор жолт картон поради приговор кон главниот судија и нема да игра на првиот меч од баражот. Во следната фаза Бешикташ ќе се сретне со Партизан или Нордсјиланд. 

Од останатите средби кои почнаа од 19.30 и 20 часот, понатаму се пласираа и екипите на Олимпијакос, Макаби Тел Авив, Аполон, Аталанта, Базел, Брондби, Дуделанж и Лудогорец. 

 

Најнови вести