Корисничко име Лозинка Пријави се
04.1.2018

Евертон му плати на Бешикташ 30 милиони евра за Тосун

Џенк Тосун, фудбалерот на Бешикташ, дефинитивно кариерата ќе ја продолжи во Евертон, каде што ќе направи трансфер за 30 милиони евра, изјави Сем Алардајс, менаџерот на „карамелите“.

Бешикташ се премислуваше дали да го пушти најдобриот стрелец на Островот, но на крајот попушти и сега преостанува само Тосун да ги помине формалните лекарски прегледи за да го потпише договорот.
Дваесет и шестгодишниот голгетер би можело да дебитира уште утре, и тоа во градското дерби против Ливерпул во ФА купот.
„Работата е во завршна фаза, веројатно Тосун ќе биде регистриран. Можно е да игра против Ливерпул, најверојатно да почне од клупата. Сè зависи од тоа како се чувствува, не сакаме ништо да ризикуваме“, изјави Алардајс за „Скај спорт“.
Тосун оваа сезона постигна 13 гола, вклучувајќи четири и во Лигата на шампионите, со што беше еден од најзаслужните за првиот историски пласман на турскиот клуб во осминафиналето.
Во Бешикташ стигна во 2014 година од Газијантеп, додека претходно настапуваше за Ајнтрахт од Франкфурт, чии млади селекции ги помина.
За репрезентацијата на Турција одигра 24 натпревари и постигна осум гола.

Најнови вести