Корисничко име Лозинка Пријави се
17.8.2018

Едвај заврши албанското дерби, летаа столчиња и камења во Корча

Скендербег го доби јубилејното 80-то дерби во Албанија против Партизани со голот во 14-тата минута од судиското продолжение, а мечот мина со сериозни инциденти и прекин поради дивеење на домашните навивачи

Премиерата во албанското првенство требаше да биде свечена, во знак на јубилејната 80-тата фудбалска пресметка меѓу Скендербег и Партизани, но не одеше сè според очекуваното сценарио. Наместо добар фудбал, имаше инциденти во режија на навивачите на Скендербег, кои фрлаа кон теренот со столчиња, камења и тврди предмети. Мечот беше прекинат, имаше и полесно повредени, па мораше да се повика и амбулантно возило.
Поради прекинот, се играше околу 15 дополнителни минути, а во самиот финиш, и тоа во судиското продолжение, Скендербег постигна гол и победи со 1-0.
Честопати на дерби-натпреварите меѓу големите ривали има инциденти, а и лани навивачите на Скендербег ги нападнаа гостинските играчи на Партизани во класична заседа на патот кон Тирана.

 

Најнови вести