Корисничко име Лозинка Пријави се
26.8.2018

Турците полудеа по Кариус

На фановите на Бешикташ, воопшто не им пречат киксовите на Германецот од финалето на ЛШ, и му приредија величенствен пречек на аеродромот во Истанбул

Го избркаа од Ливерпул поради грешките, особено оние во финалето на Лигата на шампионите кога целиот свет му се смееше, а во истанбулски Бешикташ е пречекан како херој. Тоа е судбината на Лорис Кариус. 
Германскиот чувар на мрежата сезонава ќе брани на „Водафон“ стадионот, а во Бешикташ ќе игра како позајмен од Ливерпул. На аеродромот во Истанбул, Кариус беше пречекан од голем број на фанови, новинари и фоторепортери, и направија тој да се чувствува како вистинска ѕвезда. Кариус одвај успеа, со помош на полицијата и обезбедувањето, да се пробие до автомобилот со кој беше префрлен во хотелот, каде што ќе престојува за почеток. 
Иако од Ливерпул порачуваа дека грешки може да се случат секому, купија голман, и тоа Бразилецот Алисон, кого го направија најскап голман на сите времиња, а на Кариус му порачаа дека може да си оди. На Бешикташ очајно му требаше голман и оваа шанса им дојде во вистински момент. 
Бешикташ игра со Партизан во баражот за Лига Европа, а кому Кариус ќе помогне да се избори за пласман во групите, останува да се види. 

 

Најнови вести