Корисничко име Лозинка Пријави се
21.11.2017

Ливерпул по победа во Севилја, Шахтар и Бешикташ за бод од соништата

На екипите на Шахтар и на Бешикташ им треба само по еден бод против Наполи, односно против Порто за да може на едно коло пред крајот да обезбедат пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Украинците имаат тешка задача во Неапол против еден од најефикасните тимови на Европа, но на гостувањето патуваат порелаксирани бидејќи имаат дури шест бода повеќе и триумф од 2-1 во првиот меѓусебен дуел.
Наполи мора да оствари победа ако сака да ги задржи шансите за пласман во следната рунда, а за тоа направи добра увертира со победата над Милан (2-1) во Серија А.
Едно е сигурно, на преполниот и врел „Сан Пауло“, „наполитанците“ речиси против сите екипи од Европа се фаворити,а посебно против Шахтар.
Во другиот натпревар од групата Ф, Манчестер сити во одлична форма ја одработува работата против тоталниот аутсајдер Феенорд.
Одличниот Бешикташ пред неговите навивачи во бучниот Истанбул има шанса да прослави пласман во следната фаза во дуелот со Порто.
Турскиот шампион има големи десет бодови и со реми не мора ниту да се свртува кон судирот меѓу Монако и Лајпциг во Монте Карло во групата Г.
Европскиот шампион Реал во Кипар ќе оди да ги освежи сеќавањата на Кипраните на најголемиот успех во историјата на клубот кога двата тима се судрија во четврт-финалето на Лигата на шампионите пред пет и пол години.
Реал има меч-топка за пласман, а Борусија со еден бод против Тотенхем може да направи разлика од АПОЕЛ за продолжување на меѓународната сцена.
Најинтересна е ситуацијата во групата Е, каде што само три бода го делат првопласираниот Ливерпул од третиот Спартак од Москва.
Директниот судир во Андалузија меѓу Севилја и Ливерпул би можело да ги отстрани некои работи. Англискиот клуб со победа би се пласирал понатаму, на што се надева и Спартак, бидејќи во тој случај може да дојде до второто место доколку слави во Москва над Марибор.
Натпреварот меѓу Спартак и Марибор и меѓу Бешикташ и Порто се играат од 18 часот, а преостанатите шест од 20.45.

Најнови вести