Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
12.8.2017

Бешикташ и Фенербахче се засилија од Интер и од Зенит

Турските клубови продолжуваат да се засилуваат за новата сезона, која почна со синоќешниот натпревар меѓу Башакшехир и Бурсаспор.

Виктор Жулијано, играчот за врска на Зенит, допатува во Истанбул и откако ќе ги помине лекарските прегледи, ќе потпише договор за едногодишен заем.
Екипата на Ајкут Кочаман ова лето веќе ја засилија: Роберто Солдадо, Карлос Камени, Матје Валбуена, Маурисио Исла, Набил Дирар и Македонецот Елиф Елмас.
Бешикташ, двократниот последователен шампион на Турција, исто така, е активен овие дена. „црно-белите“ се на чекор да го ангажираат Гари Медел, дефанзивниот играч на Интер.
Чилеанецот вчера допатува во градот на Босфорот и доколку сè биде во ред, ќе потпише договор.

Најнови вести