Корисничко име Лозинка Пријави се
18.7.2018

Ливерпул ќе го доведе Алисон за рекордни 75 милиони евра за голман

Бразилецот Алисон Бекер ќе стане најскапо платен голман во историјата на фудбалот бидејќи Рома и Ливерпул се договорија за негов трансфер на „Енфилд роуд“ за 75 милиони евра, јавува Би-би-си.

Трансферот на Алисон го надмина досегашниот рекорд на Џанлуиџи Буфон од 2001 година, кога од Парма направи трансфер во Јувентус за 53 милиони евра.
Овој 25-годишен голман одлично бранеше во Рома претходните две години, затоа и заслужи да биде прва опција на голот на репрезентацијата на Бразил, а сега и да направи трансфер на Островот.
Алисон на голот на Ливерпул ќе го замени Германецот Лорис Кариус, кој со почетните грешки во финалето на Лигата на шампионите придонесе за поразот од Реал Мадрид (3-1).
Алисон во татковината беше член на Интернасионал, додека за репрезентацијата настапи 31 пат.

 

Најнови вести