Корисничко име Лозинка Пријави се
03.8.2017

Негредо прејде во Бешикташ

Фудбалскиот клуб Бешикташ доведе уште едно искусно засилување, овој пат во напаѓачката линија. Тоа е Алваро Негредо, поранешниот фудбалер на Валенсија, кој претходната сезона ја помина на заем во Мидлсборо.

Негредо денес ја официјализираше тригодишната соработка со Бешикташ и во црно-белиот дрес ќе заработува четири милиони евра по сезона.
Искусниот напаѓач кариерата ја почна во Алмерија, заблеска во Севилја, каде што за четири години на 139 натпревари постигна 70 голови, а потоа играше и на Островот, во дресот на Манчестер сити. За репрезентацијата на Шпанија одигра 21 натпревар и постигна десет погодоци.
Шампионот на Турција е многу активен во текот на летниот преоден рок, а во клубот пред искусниот Шпанец, од заемот во Вест хем се врати Гокхан Торе, додека најголемото засилување на клубот е Пепе, поранешниот играч на Реал Мадрид.

Најнови вести