Корисничко име Лозинка Пријави се
21.8.2018

Родриго повторно е „ин“, Реал Мадрид притиска за напаѓачот на Валенсија

Родриго Морено одигра извонреден меч во дресот на Валенсија против Атлетико Мадрид, постигна прекрасен гол и повторно е во фокусот, особено по интересот на Реал Мадрид

Реал Мадрид сака да го ангажира Родриго Морено, а напаѓачот на Валенсија повторно е во фокусот по прекрасниот гол што го постигна на дербито со Атлетико Мадрид вчеравечер. Родриго мајсторски го надмудри Диего Годин и со прецизен удар израмни и ѝ донесе бод на Валенсија.
„Знам за интересот на Реал Мадрид. Господинот Лопетеги го сака, Родриго е тука и цената е позната. Само треба да се плати отштетата според клаузулата во договорот. Јас ја знам желбата на Родриго. Тој сака да продолжи да игра за Валенсија“, изјави тренерот на „лилјаците“, Марселино.
Родриго е еден од најдобрите напаѓачи во шпанската Ла Лига, го краси неверојатна брзина и одлична техника, а неговите квалитети го доведоа и до репрезентацијата на „црвената фурија“ на Мундијалот во Русија.

 
 

Најнови вести