Корисничко име Лозинка Пријави се
18.8.2018

Не се седи на две столчиња - Уфук Сариџа мина слично како Лопетеги и доби отказ во Бешикташ

Легендата на турската кошарка, Уфук Сариџа се повлече од клупата на Бешикташ, а спорно во неговиот случај е што во исто време ја извршува и функцијата селектор на Турција

Уфук Сариџа одлучи да си замине од Бешикташ и ќе продолжи само како селектор на Турција. Дека клубовите и репрезентациите тешко трпат двојни функции на тренерите го потврди и случајот со легендата на турската кошарка Сариџа. Иако имаше тригодишен договор со Бешикташ, не издржа докрај, а раководството на „црно-белите“ истакна дека тоа е единствената можна солуција. Нешто слично како во случајот со Хулен Лопетеги, кој беше селектор на Шпанија, па доби отказ непосредно пред стартот на фудбалскиот Мундијал во Русија, бидејќи потпиша за Реал Мадрид. Сариџа е ист случај, но го мина спротивниот пат, клубот не го истрпе неговото селекторување на клупата на туската репрезентација.

 

Најнови вести