Корисничко име Лозинка Пријави се
02.7.2018

Официјално: Реина и Стриниќ во Милан

Италијанскиот калчолигаш Милан денеска ги официјализираше трансферите на голманот Пепе Реина од Наполи и на левиот бек Иван Стриниќ од Сампдорија.

Шпанскиот голман и хрватскиот одбранбен фудбалер во Милан дојдоа како слободни играчи, а соработката со „росонерите“ ја договорија уште во март.
Пепе Реина со Милан потпиша договор на две години, а Стриниќ една година подолго.
Клубот од Милано се наоѓа во големи финансиски проблеми затоа што кинеските сопственици не се во состојба да ги исплатат заостанатите долгови кои во меѓувреме пораснаа на 308 милиони евра.
УЕФА поради неправилности во водењето на финансиите го исфрли Милан од европските натпреварувања на една сезона, па „црвено-црните“ нема да настапуваат во Лигата на Европа за која се квалификуваа со освоеното шесто место во Серија А.

Најнови вести