Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
22.5.2018

Сериозни обвинувања – Реина и Канаваро соработувале со Камора

Шпанскиот голман Пепе Реина е еден од тројцата сегашни и поранешни играчи на Наполи кои се обвинети дека имаат врска со мафијашката организација Камора.

Реина е повикан на сослушување во Фудбалскиот сојуз на Италија заедно со Паоло Канаваро и Салваторе Ароника поради врската со браќата Габриел, Франческо и Џузепе Еспозито.
Реина на крајот на сезоната ќе го напушти Наполи и ќе направи трансфер во Милан, а медиумите наведоа дека токму оваа е една од причините поради кои Наполи одлучил да не го продолжи договорот со поранешниот голман на Ливерпул.
Покрај играчите, обвинети се и нивните клубови – Наполи, Сасуоло и Палермо.
Канаваро играше за Наполи во два наврата, а минатата година ја заврши кариерата во дресот на Сасуоло.
Ароника, исто така, помина неколку години во Наполи, пред да направи трансфер во Палермо во 2013 година.

Најнови вести