Корисничко име Лозинка Пријави се
25.8.2018

Трајковски смени број во Палермо, Тедино очекува блесок од новата „десетка“

Александар Трајковски ќе ја почне новата сезона во дресот на Палермо, со нов број, со легендарната „десетка“ на грбот, а од него се очекува многу во таборот на Сицилијанците

Македонскиот репрезентативец, Александар Трајковски ја замени седмицата со десетка и во новата сезона ќе го носи дресот со број 10 во Палермо. Десетката има специфична тежина во светот на фудбалот, а тој дрес го носеле големи мајстори на фудбалската игра.
„Трајковски е веќе зрел играч, му дозволивме тој да го има дресот со број 10. Дрес со посебно значење и верувам дека во новата сезона ќе ни возврати со добри игри. Од него очекувам многу, да биде еден од лидерите на Палермо. Имам потполна доверба и во него и во сите останати играчи. Кога Алекс игра добро и Несторовски е на посакуваното ниво. Тие се познаваат добро, двајцата се репрезентативци на Македонија и верувам дека со добри игри ќе ни носат бодови. Тука се и Морео и Пушкаш, па конкуренцијата ќе биде одлична, а ќе имаме добар избор во нападот за различни натпревари“, изјави тренерот на Палермо, Бруно Тедино.
Палермо денеска ја почнува новата сезона во Серија Б, на гостувањето во Салерно, кај Салернитана и е еден од главните фаворити за кам-бек во Серија А.
Иако се шпекулираше дека ќе си заминат и Трајковски и Несторовски останаа на Сицилија и ќе бидат меѓу главните адути на Палермо во обидот да се вратат во најсилната италијанска лига.

 

Најнови вести