Корисничко име Лозинка Пријави се
29.8.2018

Дост е повреден, Ристовски притиска Несторовски да го засили Спортинг Лисабон

Италијанските медиуми најавуваат трансфер на македонскиот репрезентативец Илија Несторовски во Спортинг Лисабон во финишот на летниот преоден рок

Шпицот на Спортинг Лисабон, Бас Дост е повреден, па италијанските медиуми најавуваат дека прв пик на популарните „лавови“ како едно од последните летни засилувања е Илија Несторовски.
За ваква солуција во финишот на летниот преоден рок навива вториот македонски репрезентативец Стефан Ристовски, кој од лани е член на Спортинг.
Преодниот рок во Португалија завршува во сабота, рано наутро во еден часот по полноќ, па јасно е дека раководството на Спортинг мора брзо да реагира. Засега има само најави, но лесно можат да се претворат во реалност, особено што и Палермо нема ништо против да го продаде Несторовски.
За првиот шпиц на македонската репрезентација имаше интерес од англиски и италијански клубови, но ништо конкретно не испадна, па во финишот на летниот преоден рок најреална опција е негово заминување во Спортинг. Ако се оствари најавата, „лавовите“ од Лисабон би имале двајца Македонци во тимот, за првпат во историјата на клубот.

 

Најнови вести