Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
06.9.2017

Лестер задоцни 14 секунди, Силва не е регистриран, а е платен 22 милиони фунти

Меѓународната фудбалска федерација го одби барањето на Лестер за регистрирање на фудбалерот за врска Адриен Силва бидејќи англискиот клуб пријавата ја испратил 14 секунди по завршувањето на летниот преоден рок.

Лестер го доведе Силва од Спортинг Лисабон за 22 милиони фунти, а конечниот договор беше постигнат пред завршувањето на преодниот рок на 31-ви август. Клубот, најверојатно, ќе поднесе жалба на таа одлука.
„Заедно со Адриен и Спортинг се обидуваме да го решиме прашањето за регистрирање на играчот и ги разгледуваме сите опции за да пронајдеме решение“, изјави портпаролот на Лестер, пренесе Би-би-си.
Лестер ќе го плати трансферот и ќе му исплаќа плата на 28-годишниот Силва. Тој ја помина фудбалската школа на Спортинг, а играше на заем во Макаби од Хаифа и во Академика.
За репрезентацијата на Португалија одигра 20 натпревари и учествуваше во освојувањето на Европското првенство минатото лето.

Најнови вести