Корисничко име Лозинка Пријави се
29.11.2017

Сезар ја напушти Бенфика

Бенфика од Лисабон договорно ја раскина соработката со Жулио Сезар, поранешниот репрезентативен голман на Бразил.

Клубот објави и видео во кое триесет и осумгодишниот голман се збогува од остатокот на екипата.
„Моето патување завршува овде“, изјави Сезар, но не најави дали и каде ќе ја продолжи кариерата.
Тој во претходните три и пол години настапуваше за португалскиот шампион, но од неодамна го изгуби стартното место од српскиот голман Миле Свилар.
Да останеше во клубот, неговиот договор би истекол на крајот на сезоната.
Жулио Сезар со репрезентацијата на Бразил ја освои Копа Америка во 2004 година, а и Купот на конфедерациите во 2009 и во 2013 година. Тој учествуваше и на Мундијалот 2006, 2007 и 2014 година.

Најнови вести