Корисничко име Лозинка Пријави се
01.8.2018

Несторовски сè поблиску до хет-трик во Палермо

Според најавите во италијанските медиуми, македонскиот репрезентативец Илија Несторовски е пред преговори со својот актуелен клуб Палермо за продолжување на престојот на Сицилија, и тоа трета сезона по ред.

Илија Несторовски, главниот адут во нападот на Палермо, е сè поблиску до продолжување на престојот во италијанскиот клуб од Сицилија и постои голема веројатност дека ќе го предводи нападот на тимот од „Ренцо Барбера“.
Според дел од италијанските медиуми, најавени се нови преговори меѓу македонскиот репрезентативец и раководството на Палермо за продолжување на соработката. Опции за заминување на капитенот на членот на Серија Б сè уште има, но шансите на Палермо да го задржи популарниот Нестор-гол растат.
Интерес за напаѓачот и најдобар стрелец на Палермо има од клубови од Турција, Русија и Англија, но засега нема конкретна понуда за преселба на Несторовски од Сицилија во нов клуб.
Ако остане во Палермо, Нестор-гол ќе игра во Серија Б и ќе има можност за редок подвиг, да биде третпат во низа најдобар стрелец на овој клуб, и тоа во неговата трета сезона во редовите на клубот од Сицилија.  
Клупски соиграч на Несторовски, ако остане во Палермо, повторно ќе му биде Александар Трајковски, за кого е најавено дека ќе продолжи да го носи „розевиот“ дрес на Сицилијанците.
Новата сезона за Палермо почнува на петти август, со дуелот од Купот на Италија против Виченца.

Најнови вести