Корисничко име Лозинка Пријави се
15.5.2018

Хаос во Спортинг – Жесус суспендиран, играчите се закануваа...

Спортинг од Лисабон одлучил да го суспендира тренерот Жорж Жесус откако двете страни не успеале да најдат компромис и договорно да ја раскинат соработката.

По уште една неуспешна сезона, во која фудбалерите на Спортинг не успеаја да се изборат за пласман во Лигата на шампионите, челниците на клубот сакаат да ја раскинат соработката со Жесус. Но, искусниот стручњак, кој е во исклучително лоши односи со претседателот Бруно де Карвалјо, нема намера да се откаже на дел од парите и договорно да ја раскине соработката, туку бара 7,5 милиони евра, колку што му припаѓаат ако добие отказ.
Во Спортинг не сакаат да му исплатат толкава сума, па одлучиле да го суспендираат и Жесус најверојатно нема да ја води екипата во последниот натпревар од сезоната – финалето на Купот против Авеш.
Не се знае дали челниците ќе останат доследни во таквата одлука бидејќи играчите се заканиле дека нема да играат на натпреварот доколку 63-годишниот тренер нема да биде на клупата.
Финалето се игра во сабота, а во меѓувреме се очекува малку појасна слика за судбината на Жесус во клубот од Лисабон. Во секој случај, речиси е сигурно дека тој нема да биде тренер на Спортинг и во наредната сезона.

 

Најнови вести