Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
15.9.2016

Постигнати 28 голови, пресврт на Реал, одличен почеток на Лестер

Првите натпревари од вториот ден од Лигата на шампионите исто така ги оправдаа очекувањата, имаше 22 гола на седум натпревари, два непогодени пенали, пресврти, три исклучувања и драматични завршници.

Реал Мадрид ја почна одбраната на трофејот на Лигата на шампионите со возбудлива победа против Спортинг од Лисабон во самиот финиш од средбата – 2-1 (0-0).
Кралскиот клуб губеше од 47-мата минута, кога Бруно Сезар погоди за водство на „лавовите“, потоа Кристијано Роналдо, со одличниот слободен удар му донесе изедначување на својот тим во 89-тата минута, а Алваро Мората во петтата минута од продолжението погоди со глава за голема радост на домаќините.
Во другата средба од групата Ф имаше многу помалку возбудувања, Борусија од Дортмунд ја демолираше Легија во Варшава со 6-0 (3-0). Уште по 17 минути игра, гостите имаа предност од три гола, а веќе во продолжението го потврдија убедливиот триумф. 
Во групата Е, Баер од Леверкузен лесно ја испушти предноста од два гола против ЦСКА од Москва, а во продолжението не успеа да стигне до победата и натпреварот заврши 2-2.
Во вториот натпревар од групата Е, Тотенхем им приреди разочарување на навивачите на преполниот „Вембли“ - „кнезовите“ од Монако се вратија дома со победа 2-1. 
Во групата Г деби играше шампионот на Англија Лестер во елитното друштво, а „лисиците“ покажаа дека и тоа како имаат амбиции меѓу најдобрите со сигурниот триумф над Клуб Бриж во Белгија со 3-0.
Во втората средба од групата, Порто и Копенхаген ремизира на „Драгао“  1-1 (1-0).
Во групата Х, Јувентус одигра без голови со Севилја на својата Арена, додека Олимпик рутински го порази Динамо од Загреб во Лион 3-0.
Во вториот ден од натпреварувањето во Лигата на шампионите беше одигран и заостанатиот натпревар од групата Ц меѓу Манчестер сити и Менхенгладбах, коишто поради силниот дожд во вторникот не можеа да излезат на теренот. Водечкиот гол во средбата го постигна Серхио Агуеро во деветтата минута, а до крајот на средбата, во 27-мата и 77-мата минута со хет-трик го потврди лесниот триумф на својот тим, додека конечниот резултат го постави Ихеаначо во првата минута од продолжението – 4-0 (2-0).

Најнови вести