Корисничко име Лозинка Пријави се
23.11.2016

Зидан: 30 натпревари без пораз? Голема самодоверба

Зинедин Зидан, тренерот на Реал Мадрид, изјави дека фактот дека неговиот тим не е поразен на 30 последователни натпревари му дава голема самодоверба.

Реал синоќа го победи Спортинг во Лисабон со 2-1 и обезбеди пласман во следната фаза.
Мадриѓаните претходно го победија и градскиот ривал Атлетико во Ла Лига, а во сите натпреварувања немаат изгубено на последните 30 натпревари.
„Сакаме да продолжиме да го работиме она што сме го работеле, иако знаеме дека ќе дојдат моменти во текот на натпреварот кога нема сè да оди како што треба. Да се одиграат толку натпревари во низа без пораз е голема мотивација. Имавме тешки моменти, но тоа е нормално. Во претходните натпревари, Спортинг против нас играше со ист интензитет, не паднаа по примениот гол. Но, ние успеавме да постигнеме преубав гол преку Бензема. Овде е важна победата, го остваривме зацртаното. Сега играме финале против Дортмунд“, изјави легендарниот Французин.
Реал пред последното коло има два бода помалку од Дортмунд.

 

Најнови вести