Корисничко име Лозинка Пријави се
14.9.2016

Зидан: Не сме фаворити во Лигата на шампионите

Зинедин Зидан, тренерот на Реал Мадрид, изјави дека неговата екипа не е фаворит на овогодишното издание на Лигата на шампионите.

Кралскиот клуб со одбраната на трофејот почнува вечерва во 20.45 часот, кога го дочекува Спортинг од Лисабон на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.
„Не би рекол дека сме фаворити. Има многу тимови коишто можат да ја освојат Лигата на шампионите. Морате да играте, да се натпреварувате. Подготвени сме, имаме тежок натпревар против добра екипа која ќе даде сè од себе за добар настап. Играњето во Лигата на шампионите доаѓа со работа. Играчите знаат дека целта секогаш е победа“, изјави тренерот на клубот од Мадрид.
Зидан додаде дека многу е тешко да се опстане на врвот, бидејќи очекувањата секогаш се повисоки кога ќе се освои трофејот.
„Знаеме дека нема да биде лесно. Всушност ќе биде уште потешко отколку што беше. Кога ќе ја освоите титулата, луѓето повеќе очекуваат од вас. Очекуваат повторно да победите. Знам дека имаме добар тим, одлични играчи и ако секој ден работиме по малку повеќе, сигурен сум дека ќе имаме шанси да ги оствариме целите“, изјави Зидан.

Најнови вести