Корисничко име Лозинка Пријави се
08.8.2017

Стефан Ристовски потпиша за Спортинг Лисабон

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски е нов фудбалер на португалскиот гигант Спортинг.

Тимот од Лисабон кој лани сезоната ја заврши третопласиран и официјално го претстави Ристовски како ново засилување.
Македонскиот фудбалер кој настапуваше на хрватскиот шампион Риека потпиша едногодишен договор и ќе ги игра како позајмен играч до крајот на сезоната, со опција да биде целосно откупен на крајот од истата.
„Среќен сум што се реализира трансферот и ми се оствари сонот. Со нетрпение чекам да започнам, пристигнав во голем клуб. Верував дека ќе ми се укаже шанса и еден ден ќе потпишам за голем клуб како Спортинг. Сакам да го покажам најдоброто од себе. Нема да ветувам многу, но бидете сигурни дека ќе го дадам максимумот за овој дрес и овие фанови“, изјави Ристовски.
Според португалските медиуми Спортинг го донесе Ристовски за сума од 3,5 милиони евра, но веднаш му постави откупна клаузула од фантастични 45 милиони евра. 
Според договорот, дваесет и петгодишниот Ристовски ќе остане во Лисабон една сезона, а потоа португалскиот клуб ќе одлучи дали ќе го задржи во своите редови, бидејќи Риека има право на откуп на неговиот договор.
Ристовски е дете на Вардар од каде замина за Парма, а беше позајмен Кротоне, Фросиноне, Бари и Латина од каде дојде во Риека и одигра 68 натпревари за две сезони. За македонската репрезентација има 33 настапи и еден постигнат гол.

Најнови вести