Корисничко име Лозинка Пријави се
15.8.2017

Билиќ го носи Карвалјо во Вест хем

Фудбалскиот клуб Вест хем постигнал договор со Спортинг од Лисабон за трансфер на Вилијам Карвалјо во англискиот клуб, пренесе „Евроспорт“.

Вест хем е во завршни преговори со Спортинг за трансфер на 25-годишниот играч за врска, а медиумите шпекулираат дека откупната клаузула во договорот на Карвалјо изнесува 40 милиони евра.
Славен Билиќ, тренерот на Вест хем, испрати понуда за Карвалјо, која веројатно ќе биде клупски рекорд од 35 милиони евра, со дополнителни пет милиони од бонуси.
Карвалјо, кој минатата година го освои Европското првенство со репрезентацијата на Португалија, во петокот не настапи за Спортинг на првенствениот натпревар.
Спортинг соопшти дека Карвалјо нема да биде во екипата и за натпреварот со Стеауа во квалификациите за Лигата на шампионите. Вест хем сака што побрзо да ја засили екипата по поразот во неделата од Манчестер јунајтед (0-4) во првото коло на Премиер лигата.

Најнови вести