Корисничко име Лозинка Пријави се
28.6.2018

Спортинг Лисабон го отпушти Михајловиќ по девет дена

Српскиот тренер Синиша Михајловиќ доби отказ во Спортинг само девет дена по потпишувањето договор со клубот.

Новиот претседател на Спортинг Соуса Синтра ја доел одлуката која беше соопштена на прес конференција.
На отказот на Михајловиќ претходеа и смени во раководството на клубот и заминувањето на досегашниот претседател Бруно де Карвалјо.
Српскиот стручњак потпиша тригодишен договор вреден шест милиони евра, но не е познато колку ќе добие по краткото време поминато во клубот.
Според португалските закони секој договор може да се раскине без пенали доколку тоа биде најдоцна 15 дена по потпишувањето.
Михајловиќ тренерската кариера ја почна како помошник тренер во Интер, а потоа ги водеше Болоња, Катанија, Фиорентина, Сампдорија, Милан и Торино, како и репрезентацијата на Србија.

Најнови вести