Корисничко име Лозинка Пријави се
21.5.2018

И Авеш го шокираше Спортинг, по ќотекот, останаа и без Купот

Фудбалерите на Авеш ја искористија раскараноста во Спортинг и со победата од 2-1 во финалето го освоија Купот на Португалија.

На екипата која оваа сезона влезе во највисокиот ранг на натпреварување ова ѝ е прв трофеј во историјата.
Авеш поведе во 16-тата минута со голот на Алешандре Гедеш, а потоа тој во 72-рата минута го зголеми водството на 2-0. Монтеро со голот во 86-тата минута само за миг ја врати надежта за Спортинг.
Играчите на лисабонскиот клуб очигледно не успеаја да закрепнат од шокот кога хулиганите ги нападнаа по тренингот незадоволни што клубот нема да има шанса да се бори за Лигата на шампионите, бидејќи сезоната ја заврши на третото место.
Во инцидентот некои играчи беа сериозно повредени, а по нападот, дојде до војна со управата, која ја сметаа за одговорна за нападот, така што некои фудбалери најавија заминување од клубот.

Најнови вести