Корисничко име Лозинка Пријави се
06.7.2017

Коентрао позајмен на Спортинг

Фабио Коентрао, кој својата кариера ја почна во Бенфика, реши да го облече дресот на големиот лисабонски ривал Спортинг во кој доаѓа како позајмен фудбалер од Реал Мадрид.

Левиот бек по шест сезони на „Сантијаго Бернабе“ мораше привремено да замине затоа што немаше голема минутажа покрај Марсело, а со доаѓањето на Тео Ернандес во целост би бил во втор план кај тренерот Зидан.
Португалецот во 2011 година дојде во Мадрид од Бенфика како големо засилување за 40 милиони евра, но не ги оправда очекувањата.
Коентрао направи ист потег како српскиот репрезентативец Лазар Марковиќ кој по големиот трансфер од Бенфика во Ливерпул подоцна дојде во Спортинг на позајмица.
Марковиќ се задржа само шест месеци, а тој исто како Коентрао доаѓа на инсистирање на тренерот Жорж Жезус со кои двајцата соработуваа во Бенфика.

Најнови вести