Корисничко име Лозинка Пријави се
05.8.2018

Ристовски и Спортинг поразени од Емполи по пенал-рулет

Македонецот беше стартер против Емполи во последниот пријателски натпревар за тимот од Лисабон пред почетокот на португалскиот шампионат

Стефан Ристовски и Спортинг Лисабон со пораз од калчолигашот Емполи (1:1, 4:5 на пенали) ги завршија подготовките ова лето. Македонскиот репрезентативец настапи од првата минута за домашниот состав.

Екипата од Лисабон преку Јосип Мишиќ стигна до водство во 51. минута, додека Ла Гумина беше прецизен во 68. минута за конечни 1:1 по регуларните деведесет минути. Во пенал-рулетот италијанскиот ссотав беше подобар реализирајќи ги сите пет удари од белата 
точка.

Тимот на Хосе Песерио следната недела започнува со походот во домашниот шампионат, ќе гостуваат кај Мориеренсе.

Најнови вести