Корисничко име Лозинка Пријави се
17.8.2018

Несторовски желба на Бордо, но францускиот тим е во трка со времето

Македонскиот голгетер би можелo да го напушти Палермо во последниот ден од преодниот рок во Италија

Иднината на македонскиот репрезентативец Илија Несторовски сè уште не е дефинирана. Во последниот ден од преодниот рок во Италија се појавија шпекулации дека голгетерот на Палермо би можелo да ја напушти Серија Б и да се пресели во редовите на францускиот прволигаш Бордо, откако раководстото на клубот го продаде својот најдобар напаѓач Гаетан Лаборде на Монпелје.

Во изминатиов период Несторовски беше поврзуван со трансфер во Удинезе, но калчолигашпот не успеа да се договори со управата на Палермо. Во текот на летото Македонецот во неколку наврати беше пред излезна врата, дури минатата сезона во зимскиот период Евертон го посакуваше во своите редови, но ниту тој трансфер не се реализираше. 

Засега не се спомнати цифри околу евентуалниот ангажман, но доколку се случи, Несторовски ќе има шанса да игра во Лигата на Европа доколку Бордо во плејофот го елиминира белгискиот состав на Гент. Во случај капитенот на Палермо да остане на „Ренцо Барбера“, негово заминување се очекува во јануарскиот преоден рок.

Најнови вести